fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Доаѓа времето кога виното од малите производители ќе се цени повеќе од индустриското производство

Кај нас се уште индустриските вина држат повисока цена, патот е долг за малите семејни винарии, но луѓето го препознаваат квалитетот.

Доаѓа времето виното од малите семејни винарии да се цени повеќе од индустриското производство на вино.  Луѓето кои имаат сопствени насади и мали серии на производство нудат квалитет кој потрошувачите полека го препознаваат пред производите на големите индустрии, ова е пораката од третиот по ред винскиот салон „Slow Wine салон 2021“ што се одржа во Битола.

Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Можно е да е слика од 10 луѓе и внатре

Во велелепниот објект на реконструираниот Офицерски дом на почетокот на декември се претставија 26 производители на вино и 15 производители на храна. Салонот имаше за цел презентација и промоција на  производители на вино, нивните вински приказни , при што на дегустација понудија вина направени со страст.  Во исто време се уживаше и во деликатесни производи кои беа понудени за  дегустација на големиот број на љубители на виното и храната.

Сите производители на вина беа со сопствени лозови насади и во просек преработка на 5 до 10 тони грозје или максимално до 20 тони преработувачко грозје.

 

-Имаме семејни винарии кои произведуваат вино во мали количини и серии, но со врвен квалитет. Овие производители, наши винари сакаат да излезат од анонимност со своите производи, да се претстават  и да покажат дека имаат квалитет. Кај нас се уште ја градиме винската култура, луѓето се научени да пијат, да консумираат индустриски вина, но полека ја сфаќаат оваа филозофија на малите производители во делот на вината, изјави Игор Поповски од Слоуфуд Битола кои заедно со Слоуфуд Македонија беа организатори на настанот.

Нема достапен опис

Поповски направи релација со Италија каде практиката покажува дека потрошувачите повеќе ги ценат производите од малите производители, отколку индустриското производство.

-Ќе испратам една порака до потрошувачите, со пример, споредувајќи ја Италија со практиката овде кај нас. Таму шише вино произведено од мали производители, во мали серии и од сопствени лозови насади, во маркетите чини речиси двојно поскапо отколку индустриското производство на вино. Исто е и со месото и со деликатесните производи. Кај нас се уште таа цена е далеку од посакуваната. Тука, за жал, се уште индустриските вина држат повисока цена, патот е долг, но луѓето го препознаваат квалитетот, порачува Поповски.

 

Органското лозарство е одлика на винарија „Ерос“

Сашко Андов е млад винар кој заедно со својот татко Душко, ја започнуваат приказната за семејна винарија „Ерос“, уште во 2005 година. Сашко е винар кој е посветен на органското лозарство, виновата лоза и зачувувањето на нејзиното опкружување.

Можно е да е слика од 10 луѓе, луѓе што стојат и внатре

-Оваа беше интересна година за лозарите со сите нејзини мани. Произведовме околу 17 тони грозје или околу 6-7 илјади литри вино. Остатокот го преработивме во гроздов сок, маџун и други производи. Нашето производство го пласираме овде во нашата земја, најчесто по ресторани. Не само нашата винарија, туку сите мали, семејни винарии стануваме атрактивни за винските продавници и за винотеките. Она што  е интересно е дека и во период на пандемија се пие вино. Најмногу! За нас за малите винарии овој период ни е еден од најдобрите периоди за продажба на вино. Кога не се оди по ресторани се пие вино дома, па имаме доста порачки по интернет, изјави Андов.

Винаријата „Ерос“ има мал асортиман на допадливи вина кои ќе ве освојат на прва голтка- Ева, добиена од локалната сорта станушина, која е еден од президиумите на Слоу Фуд Македонија, Талисман жилавка, П’на месечина мускат отонел, Стелар темјаника, Шардоне, Вранец наградуван со интернационални награди.

Анета Блажевска

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close