fbpx
ВестиМакедонија

Обложувалниците нема да нудат пијалаци по 18 часот

Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме – истакнуваат од АСОМ.

Асоцијацијата на спортски обложувалници информира дека откако Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе новите мерки за заштита од ковид-19 со кои, меѓу другото, се скрати работното време на угостителските објекти до 18 часот, согласно истите, ниту спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 18 часот.

– Во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денес, 18 декември, по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалаци. Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме  – истакнуваат од АСОМ и додаваат дека спортските обложувалници доследно се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки кои досега ги донесе Владата во насока на превенција и заштита на здравјето на граѓаните.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close