
Управата за јавни приходи организира еднодневни обуки за регистрација и паушално оданочување на земјоделци.
Започнувајќи од денес 02 декември па се до 24 декември 2015 година, истите ќе се реализираат во повеќе градови низ државата и тоа во следните локации:
Гостивар, Росоман, Свети Николе, Куманово, Кривогаштани, Неготино, Скопје, с.Стругово, с.Дрмени, Битола, Градско, Крушево и Чашка.
На обуката може да учествува секој кој ќе се регистрира најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок.