Доделени првите десет договори за набавка на комбајни со сецкалици
Станува збор за реализација на мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121,5 „Набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалица.“
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и со градоначалникот на Чешиново – Облешево, Горанчо Крстев, денеска во Чешиново ги доделија првите десет од вкупно 25 одобрени договори за набавка на комбајни за ориз со сецкалица. Станува збор за реализација на мерката„ Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121,5 „Набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалица.“
Директорот на АФПЗРР, Бачовски истакна дека сите пристигнати апликации ги исполниле условите за добивање на финанссиска подддршка.
„На овој повик кој заврши на средината на минатиот месец, пристигнаа вкуно 25 барања за набавка на комбајни. Сите 25 апликации се одобрени. Вкупната вредност на ове 25 договори изнесува близу 32,5 милиони денари, од кои 18 милиони денари, ќе бидат вратени на сметките на апликантите. Ова се сериозни средства преку кои директно помагаме на производителите на ориз, во намалување на нивните трошоци за прибирање на родот со ориз, и најважно со овие комбајни ќе се реши проблемот со палењето на оризовата слама. Апликациите се обработија брзо, еве денес ги склучивме договорите и сега апликантите можат да ги набават комбајните и оваа реколта веќе да имаат модернизиран начин на жетва, со што директно ќе се намалат и времето кое е потребно за жетва на ориз, но и производните трошоци. “ – истакна директорот Бачовски.
Оваа мерка се спроведува за прв пат а истста е креирана на барање на оризопроизводителите. Со неа директно позитивно се влијае врз намалување на производните трошоци на оризот, a истата позитивно влијае и врз локалната економија и намалување на загадувањето на воздухот.
Бачовски, истакна дека Агенцијата заедно со Владата, ќе продолжат да креираат мерки кои ќе го осовременуваат домашното земјоделство и позитивно влијаат на конкурентноста на домашно произведени земјоделски култури. Оваа Влада, покажа дека е отворена за предлозите на земјоделците за нови мерки и политики, а денешното доделување на договори е показател за брзата и успешна имплементација на истите.Остануваме посветени кон финансиска поддршка и развој на секој земјоделец и секое земјоделско стопанство.