fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Договор куќа гради, но може ли да нѐ храни

Од година на година се усложнуваат проблемите во земјоделството и се намалува одгледувањето одредени култури.

Ќе се вратат ли намалените и изгубените земјоделски култури на македонските ниви со помош на моделот на таканаречено договорно земјоделско производство. Деновиве министерот за земјоделство Љупчо Николовски одржа средба со претставници на земјоделски здруженија и преработувачи, на која било дискутирано за договорно производството на пченка и сончоглед. Беше посочено дека биле продискутирани мерки за развој на производството и начинот на договарање меѓу двете страни за овие две значајни суровини, пченката како добиточна храна и сончогледот како суровина за масло за јадење.
Имајќи предвид дека изминативе години одгледувањето на овие две суровини значително е намалено, неминовно се отвора прашањето дали договорното производство ќе успее да ги врати на нивите овие значајни земјоделски култури. Токму кризата што се наметна по воениот конфликт во Украина е продолжение на кризите и проблемите што се наметнаа по пандемијата, но овој пат таа удира директно врз производството на храна, а ние како земја увозник и на основни прехранбени продукти би можеле да се соочиме со голем недостиг. Дали војната ќе биде поттик надлежните институции да се посветат на аграрна политика што најпосле ќе даде плод, односно ќе ги зголемува обработените и засадени површини, допрва ќе видиме.
Експертите укажуваат оти договорното производство може да даде плод и дека сега е крајно време да се преземат конкретни чекори за враќање не само на овие две култури туку и на повеќе други култури на нашите ниви.
– Договорното производство се применува и практикува и во пазарните економии. Сѐ е во насока на развој на земјоделството и вакви договори може да го поттикнат повторно производството. Ваквите обиди треба да се поддржат за да се зголемат површините на кои ќе бидат засадени земјоделските култури. Сметам дека вакви мерки треба да се направат секаде каде што има можности и интерес од двете страни за да се вратат на нивните сите култури, кои некогаш се одгледувале кај нас, а денес се или во намалени количества или воопшто ги нема. Сметам дека има мерки што можат да дадат плод и да се зголеми интересот за поголемо производство. Една таква мерка е и мерката за ставање на целото расположливо или слободно земјоделско земјиште во функција, но и други мерки што ќе придонесат да се зголемат приносите по хектар – вели универзитетскиот професор Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и хранаhttps://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/dogovor-kukja-gradi-no-mozhe-li-da-n%D1%90-hrani/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close