
Договорена откупната цена на пиперката – 45 денари за прва класа
Трипуновски на средба со производителите и откупувачите
Договорена е откупната цена на пиперката-Куртова капија за годинава, 45 денари за прва класа. Прва-втора класа 35 денари, втора класа 20 денари и 15 денари за килограм трета класа.
-Заедно сме со Асоцијацијата на земјоделски производители ги договоривме цените по класи за пиперката – Куртова капија. 45 денари за прва класа. Прва-втора класа 35 денари, втора класа 20 денари и 15 денари за килограм трета класа. Ова се почетни цени со кои ќе почне откупот на пиперката. Важно да се одржат овие цени е да се почитува правилникот за квалитет. Бербата треба да биде договорена со цел да тече непречено откупот. Овие цени се повисоки од ланската рекола, рече министерот Цветан Трипуновски.
Земјоделците се задоволни од цените, очекуваат добар откуп и апелираат земјоделците да не брзаат со бербите оти целата реколта ќе биде откупена.