fbpx
Вино

Домашните вина секоја година се подобри

 

domashnite vina sekoja godina se podobri

Вината од домашните производители се подобруваат секоја година. Тоа значи дека се следат советите на науката и дека винската практика е на се повисоко ниво, беше речено денеска во Кавадарци каде почна изборот на најдобрите млади вина.

Манифестацијата ја организира Здружението на винари од Македонија, а почна со дегустирање 60 мостри вина произведени годинава од индивидуални производители.

– Домашните производители и тоа како се за пофалба. Вината кои ги произведуваат се подобруваат од година во година. Со оваа манифестација сакаме да им наметнеме винска култура, добра винска и хигиенска практика, рече заменик-претседателот на Здружението Елена Богева.

Според неа, се зголемува и интересот кај домашните производители на вино за учество на манифестацијата.

– Веруваме дека има уште многумина кои ги чуваат бочвите само за себе и за своите блиски и не сакаат да се фалат многу со своето производство. Овој натпревар е токму за нив, вистински момент да им се укаже вистинскиот пат, како виното да заврши во шише за убави прилики, додаде претседателот на Здружението Игно Тасев.

Во изборот на најдобри млади вина учествуваат производи од Тиквешкиот регион, но и од други виногорја, Велешко, Гевгелиско, Валандовско, Скопско.

Денот на младото вино во светот се празнува од 1937 година, секој трет четврток во ноември. Изборот, пак, на најдобри млади вина се одржува во чест на празникот на млади вина „Божоле нуво” кој се слави во многу земји.

Здружението на винари третпат организира ваков настан заедно со Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип. Сите заинтересирани индивидуални винари можат да учествуваат со свои мостри на вино.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close