fbpx
ВестиМакедонија

Донесен правилникот, се овозможува регистрација на возилата со странски таблички

Согласно законското решение може да се регистрира возило кое е донесено во земјава до 1 октомври 2020 година, а давачките се намалени за 50 отсто.

Правилникот за поединечно одобрување на возилата, кој беше проблем за да се пререгистрираат возилата со странски таблички што се возат во земјава, е донесен и според најавите од министерот за економија Крешник Бектеши се очекува до денеска да биде објавен во Службен весник и да стапи во сила.

-Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата, изјави вчера министерот Бектеши.

Сега, Бирото за меторологија и другите институции  како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение.

Согласно законското решение може да се регистрира возило кое е донесено во земјава до 1 октомври 2020 година, а давачките се намалени за 50 отсто.

Со законот е предвидено сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година. https://nezavisen.mk/donesen-pravilnikot-se-ovozmozhuva-registracija-na-vozilata-so-stranski-tablichki/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close