Донесен Законот за легализација на дивоградби- гласаа и власта и опозицијата
Со амин на пратениците од власта и опозицијата, е донесен нов Законот за легализација на дивоградби.
Со амин на пратениците од власта и опозицијата, вчера попладне е донесен нов Законот за легализација на дивоградби. Имаше 72 гласа „за“, 3 „воздржан“ и 5 „против“. Од овој закон се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.
Законот дозволува легализирање на дивоградби во заштитени подрачја, по добиена согласност од надлежниот орган. Како „казна“, сопствениците на дивоизградените објекти за легализацијата ќе треба да платат за 50% поскапи комуналии од она што би го платиле ако имале дозвола за градба. Со стапување во сила на овој закон се запираат сите постапки за рушење на дивоградби и сите поврзани управни и судски постапки. За расправа се пријавија само пратеничките Маја Морачанин и Гордана Силјановска-Давкова, кои не дадоа поддршка за овој закон.https://nezavisen.mk/donesen-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbi-glasaa-i-vlasta-i-opozicijata/