fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ДООЕЛ „ Карачи“ со производство на полиетиленска фолија за во земјоделство и градежништво

ДООЕЛ „ Карачи“ е приватна компанија која повеќе од една деценија  успешно опстојува на нашите простори. Во широката палета на производи се наоѓаат и оние полиетиленски фолии што наоѓаат голема примена во земјоделството и градежништвото.

Користењето  на современа технологија им овозможува на вработените во оваа компанија да одговорат на барањата и на најпребирливите вкусови на  потрошувачите. Квалитетот  е гаранцијата, оној што еднаш дошол повторно да се врати и да ја продолжат соработката.

Следејќи ги потребите на клиентите фирмата произведува различни видови фолии: Проѕирна и црна фолија. Проѕирната фолија најчесто се користи за во земјоделството за покривање на леи или пластеници. Ја има во два вида, натур која е безбојна и стабилизирана која има зеленкаста боја која е добиена од додатоците што се ставаат за време на нејзиното произвдство. Ваквата фолија има подолг век на траење. Се прозведува  во димензии од 2 метра ширина и 100 микрони дебелина.

Црниот тип фолија има повеќекратна примена но најчесто се применува во градежништвото. И оваа фолија ја има во  повеќе димензии во 2 или 4 метра и дебелина од 50 – 100 микрони.

Од  ДООЕЛ  „Карачи“  уверуваат дека и материјалите и суровините што ги употребуваат во процесот на производство се безбедни за што гарантира атестот што го добиваат од своите добавувачи.

Квалитетот и  безбедноста на производите, пристапните цени и брзата дистрибуција се одликите што „Карачи“ успешно функционира и е баран  на територијата на целата држава.

П.Ј.

 

Слични написи

Back to top button
Close