fbpx
ВестиВино

Дополнителни два денари за откупен килограм Смедеревка

Винските визби кои од лозарите ќе откупат повеќе од 1.500 тони Смедеревка ќе имаат право на 2 денари субвенции за секој килограм. Ова важи само за купеното грозје од индивидуалните земјоделци.

dopolnitelni dva denari za otkupen kilogram smederevka

 

Дополнителната поддршка има временско ограничување за купената смедеревка од 5-ти до 30-ти октомври годинава.

Според проценките во овој период се очекува да се соберат од 20 до 30 милиони килограми.

Инаку според договорот на винските визби со лозарите пред почетокот на откупот, Смедеревката со 17 шеќерни единици треба да се плаќа по 11 денари за килограм.

Исплатата според законот е во рок од 6 месеци и на три рати.

Првата рата од 20 проценти да биде платена до 15-ти декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15-ти февруари наредната година и последниот износ до крајот на април.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close