Дел од земјоделците имаат право на дополнителни субвенции. Младите до 40 години можат да добијат плус 10 отсто државна помош ако станале сопственици на земјоделско стопанство со превземање од постарите. Оваа помош се дава најмногу за период од пет години.
20 отсто повеќе субвенции пак им следат на регистрираните индивидуални земјоделци.
Од Платежната агенција потенцираат дека чести се случаите кога земјоделците при поднесувањето на барањата за субвенции, забораваат да нагласат дека аплицираат и за поволностите од оваа мерка.
За оваа намена од Програмата за директни плаќања се издвоени 10 милиони денари. Развојот на земјоделското производство оваа година ќе се стимулира со близу 102 милиони евра субвенции.