fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во Гевгелија се одржа ЛАГ Експо 2023 – саем за промовирање на локалниот развој

Се претставија повеќе од 40 членови на неколку ЛАГ-ови кои доаѓаат од приватниот и граѓанскиот сектор.

Во Гевгелија се одржа вториот по ред саем за промовирање на локалниот развој – ЛАГ Експо 2023, на кој низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од нашата, како и земји од Западен Балкан и земји-членки на Европската Унија ги претставија своите иницијативи и дискутираа на теми кои ги засегаат руралните заедници.

На саемската изложба со свои штандови, производи и активности се претставија и повеќе од 40 членови на неколку ЛАГ-ови кои доаѓаат од приватниот и граѓанскиот сектор.

На саемот се обратија советникот за рурален развој од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и претставникот од општина Гевгелија, Трајче Арџанлиев, кои ја истакнаа важноста на партнерствата помеѓу различните сектори и потребата од поддршка и активност на ЛАГ-овите.

Претседателот на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Балканската мрежа за рурален развој, Петар Ѓоргиевски додаде дека е потребно да се слушне гласот на руралната заедница и да се вложува во развој на заеднички иницијативи за подобрување на локалната инфраструктура, економија, образование и целокупниот квалитет на живот на граѓаните од земјата и регионот.

– Целта на ЛАГ Експо 2023 беше споделување искуства на домашните и регионалните Локални акциски групи, согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален, рурален развој. Исто така, локалните производители имаа можност да се поврзат со претставници од повеќе индустрии и дејности што ќе придонесе за воведување на нови бизнис практики и нови соработки. Се очекува овој саем да прерасне во традиционална годишна активност во источниот дел на државата која ќе го стави на мапата на успешни приказни од регионот и ќе биде носител на развојот на технологијата, иновациите, етичките бизнис практики и развојот на човечки ресурси, се наведува во денешното соопштението од организаторите на ЛАГ Експо 2023.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close