
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Допрва не чека студ – Oблачно со повремени слаби врнежи од снег
Од среда ниски утрински температури под -10 степени.
Променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Од среда облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под -10 степени.