fbpx
Без категорија

Досега откупени 30 милиони килограми грозје – бербата завршува за десетина дена

Трипуновски вели дека откупот се одвива без поголеми забелешки од страна на лозарите и винарските визби. 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска соопшти дека досега се откупени 30 милиони килограми винско грозје.

Трипуновски, кој со директорот на Државниот земјоделски инспекторат Васе Анакиев беше во теренска посета во Тиквешијата, истакна дека од информациите што досега ги има, откупот се одвива солидно, без поголеми забелешки од страна на лозарите и винарските визби.

„Досега, согласно податоците на Земјоделскиот инспекторат, се откупени околу 30 милиони килограми. Сметаме дека наредниве десетина дена можеби ќе заврши најголем дел од бербата кај лозарите, а она што го договоривме пред почетокот на бербата гледаме дека се почитува“, изјави Трипуновски.

 

 

Тој посочи дека дел од винарските визби дури даваат плус од тоа што е веќе е договорено, зашто винското грозје од оваа реколта има одличен квалитет.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close