
Достоинството на лозарите е урнато, порача Венко Филипче од Кавадарци
Тој рече дека СДСМ предложи и укинување на одредбата која овозможува винариите да ја намалат цената за 8% доколу лозарите побараат брза исплата. Но и оваа мерка не била прифатена.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на синоќешната трибина од Кавадарци потенцираше дека достоинството на земјоделците и лозарите е срушена поради неспособноста и погрешните политики на власта.
„Тиквешијата страда од оваа власт. Ако има еден сектор кој беше урнат целосно во изминатата година, тоа е земјоделието. Неспособноста на Мицкоски и Трипуновски го урна достоинството на земјоделците, но најмногу на лозарите. СДСМ и јас лично се заложивме да помогнеме, предложивме конкретни мерки и закони, но власта ги одби. Одби затоа што оваа влада не се грижи за обичниот човек, за работникот, за оној кој произведува, се грижи само за крупниот бизнис. Но и таму не им оди работата, затоа што индустријата слабее и инвестициите паѓаат“, рече Филипче.
Тој рече дека СДСМ предложи и укинување на одредбата која овозможува винариите да ја намалат цената за 8% доколу лозарите побараат брза исплата. Но и оваа мерка не била прифатена.




