fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Премиерот Ковачевски зема плата од 88.260 денари, а Спасовски ја има најголемата министерска плата

На сите министри основната плата им е 65.026 денари

Владата ги објави платите на министрите на старо-новиот состав на Владата, на чело со премиерот Димитар Ковачевски.

Платата на Ковачевски, заедно со минат труд е 88.260 денари, а најголема плата меѓу министрите, има министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски – 86.324 денари.

– Kоефициентот на бодот за износот на месечните плати на премиерот и на министрите е идентичен со оној на претходниот состав на Владата. Инаку, премиерот, министрите и заменик-министрите ги избира и ги разрешува Собранието на Република Северна Македонија. Во постапката за избор се определува и коефициентот за пресметка на месечната плата – изјавија од Владата за „Слободен печат“.

Така, основната плата и на премиерот Ковачевски, како и на неговиот претходник Заев е 78.896 денари. Ковачевски за минат труд добива 9,364 денари, а Заев имаше помал износ за минат труд и малку помала плата – 87.913 денари.

На сите министри основната плата им е 65.026 денари, а варијациите се поради ставката минат труд и може да се видат на сајтот на Владата ((https://vlada.mk/plati).

Единствено на министерот за внатрешни работи му се утврдува зголемување за 20 проценти на платата утврдена за извршување на функцијат а, затоа министерот Спасовски има најголема плата.

Нето-платата на претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со минат труд е 92.941 денар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close