fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Соодветна земјоделска механизација е предуслов за успех

 

Има една стара изрека меѓу земјоделците според која на „земјата колку што ќе и’ дадеш толку ќе ти врати“ или ако ја сработиш како што треба ќе ти врати со добар род.

Дарко Каранфилоски од с.Галичани  прилепско е еден од ретките  млади земјоделци кој не само што се занимава со земјоделие, туку и инвестира  во земјоделското производство . Тракторot  John Deere 5075 E е неговата последна инвестиција. Упорноста секогаш се исплати така што после 4 обиди Каранфилоски успева да се избори за механизација преку ИПАРД програмата, а неговата радост беше видлива кога Зелена берза го посети во неговиот дом .

 

„ Тракторот ми е потребен за извршување на активности кои се бројни.  Се одлучив  за John Deere Е  заради марката , бидејќи е една од најдобрите марки  во светот, можеби и најдобра. Моќен е, а има и можност за извршување на различни операции, а Синпекс Битола се погрижи  да се уверам во тоа“, вели Дарко.

 

Семејството Каранфилоски обработува 30 ха земјиште. Само мал дел е во нивна сопственост, додека поголемиот дел се земени под концесија.  Се занимаваат со одгледување на полоделски култури, житарици (пченица, тритикале и јачмен) како  и пченка. Културите ги одгледуваат за сопствени потреби , за храна на кравите 40 на број. За млекото има организиран откуп , но не се задоволни од цената. Во целата ситуација довро е што сумата за предаденото млеко се исплаќа на време секој 5 во месецот.

„Имаме 40 крави, произведуваме само млеко. Од производството сме задоволни ама од цената на млекото, не сме задоволни. Го откупува битолската млекара. Со откупот се е во ред, и плаќањето е  во ред  до 5 во месецот сумата е исплатена, но  цената е катастрофална. Моментално цената  од 16-17 ден/л млеко„ посочува Дарко .

Дарко можеби е единствениот млад земјоделец  во Галичани  што се одлучил да се занимава со земјоделство. За разлика од другите млади луѓе кои работат во блиските фабрики во селото, Дарко одлучил својата титула и знаење за дипломиран инженер агроном да ја потврди  во сопственото производство.

 

„ Младината многу малку сака да се занимава со земјоделие. Јас сум скоро единствен во Галичани што се занимавам со земјоделие. Маката  и трудот никогаш не се исплатат, но имаме многу инвестирано во земјоделска механизација и поради тоа не можеме да се откажеме од земјоделието. Процентот на добивка  кој останува за нас е минимален. Нема голема заработувачка од земјоделието, вели Каранфилоски. Сепак  се надевам дека ќе останам“ , додава тој.

Дарко се радува на новиот трактор. Ги следи состојбите, се информира  и сака да биде во тек со времето. Смета дека едукацијата е од големо значење за земјоделоците  и вели дека треба постојано да се учи и да се надградува знаењето. Оди на предавања и семинари , а ги посетува и саемите за земјоделска механизација. Поседувањето на соодветна земјоделска механизација е предуслов за успех, смета тој.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close