fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Дождот добредојден, добро е што не се ниски температурите да се направи штета

Актуелните временски услови со променлива облачност и врнежи кои ги има периодов поволно се одразуваат на земјоделието. Имено зголемувањето на влагата во почвата им е неопходна на житните култури, овошните видови и виновата лоза, сметаат земјоделците и агрометеоролозите.

Добар е периодот со дождовите, бидејќи беше навистина претходно многу топло, покрај за овошките и за други земјоделски култури што се на отворено, пример житариците. И за овошките беше потребна малку влага. Некаде имаме посуви земјишта, попесокливи. Земјоделците си знаат за овошните врсти посебно црешата, касијата, праската, вишната дека по подолг влажен период треба да се повтори третманот што го направивме во полн цут. Во прецутување треба да се повтори истиот третман. Иако имавме топол период, па промена на времето на постудено, не беше толку ниска температурата. Температурата не се спушти околу нула и под нула. Ако заладеше некој степен повеќе навистина ќе имаше штети по овошките, вели Ванчо Стојаноски од земјоделската задруга „Охридска черешна“.

За разлика од изминатите година, годинава, вели ќе биде подобра, посочувајќи дека овошјата кои лани ги немало круши, сливи, ќе ги има. Но, повторно потенцира, треба да се обрне внимание на заштитата во влажните периоди, преку третмани.

Агрометеоролозите препорачуваат земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата на посевите. Неопходно е, додаваат, да се расчистат и одводните канали за полесно одлевање на површинските води, објави ohridnews.com

Ваквите временски услови, со нови врнежи од дожд, се очекува да ја подобрат состојбата на влага во почвата, која е потребна кај житните култури, кај овошните видови, кај виновата лоза. Обезбеденоста со вода е многу важен услов за нормален раст и развој кај сите култури. Исто така и есенските посеви продолжуваат со развој за што им е потребна висока влага. Водата исто така е неопходна и за останатите култури, поради нивниот интензивен развој има и поголема потрошувачка на вода, велат агрометеоролозите од УХМР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close