fbpx
ВестиВино

Дождовите ја намалија шеќерноста кај грозјето

Дел од грозјето скапува и е со напукнати гроздови зрна, а не може да биде откупено бидејќи шеќерноста му падна поради обилните врнежи од дожд.

dozhdovite ja namalija shekjernosta kaj grozjeto

 

Дождовите што пред некој ден паднаа во Тиквешко, зедоа данок од лозјата. Ова го потврдува Драганчо Николов, раководител на работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци.

Излеговме на терен за да ја измериме шеќерноста кај грозјето од тиквешките лозови насади. Се работи за најзастапената црна сорта на грозје, вранец-кратошија. Во лозови плантажи кои се наводнуваат, регистриравме шеќерност од 17 до 19 шеќерни единици. Кај тие што се на суво и немаат можност за наводнување, блажината изнесува од 19 до 22 единици шеќер. Помалата шеќерност кај лозовите насади кои се под систем за наводнување се должи токму на дождовите кои паднаа пред неколку дена. На некои локалитети паднаа и до 80 литри вода на квадратен метар. Има лозја во кои поради врнежите од дожд, шеќерноста се намали за една и пол до две шеќерни единици, вели Николов.

Тој нагласува дека токму тука се појавува проблемот, односно грозјето што било наводнето нема доволно блажина и винарските визби не го откупуваат поради тоа.

Во такви услови грозјето пропаѓа на виновите лози. Се уште добро се држи грозјето што претходно било добро истретирано со пестициди. За жал, тоа што не било доволно заштитено, скапува поради болеста ботритис или сиво гниење, која се јавува токму како резултат на големи врнежите од дожд. Големи штети поради ботритис има во лозја од месноста Овчка Река на пример, каде што традиционално со години наназад се произведува грозје со врвен квалитет. Сега, за жал, може да се забележат скапани гроздови и испукани зрна кажува Николов.

Притоа додава дека дополнителен страв кај производителите на грозје се создава поради најавите за нови врнежи на дожд за неколку дена, кои може да остават катастрофални последици врз годинашниов гроздобер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close