fbpx
ВестиСовети

Дозволени пестициди во органското производство

Иднината во заштитата на растенијата сѐ повеќе се гледа во употребата на пестицидите кои се дозволени и во органското производство. Според експертите, ваквата заштита дава добри резултати без да ги загадува плодовите и околината.

Без соодветна заштита на површините, органските производители тешко се справуваат со растителните болести и штетници кои знаат драстично да ги намалат приносите.

Оргаските производители сепак имаат избор на дозволени пестициди во одгледувањето на растенијата, кои се малку познати и многу малку се користат.

Според големите компании за заштитата на растенијата, кај нас постојат неколку дозволени пестициди кои целосно го решаваат овој проблем.

Органските пестициди се произведуваат од природни супстанци кои не само што можат да се консумираат веднаш по третирањето на плодовите, туку не ја загадуваат ни почвата ни водата, а цените се повисоки за само неколку проценти од другите пестициди.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close