fbpx
Вести

Драстичен пад на полисите за осигурување, причина обесштетувањето од државата

Интересот за осигурување од временски непогоди е во пад, особено по поплавите во скопскиот регион пред две години. Според Агенцијата за супервизија на осигурувањето падот се должи на одлуката на владата да ги обесштети сите граѓани погодени од поплави, земјотрес и слично. Директорот на агенцијата Климе Поповски вели дека иако во последно време бројот временски непогоди е зголемен, нивото на свеста на граѓаните да ги осигураат посевите не е променета.

И од Министерството за земјоделие потврдуваат дека има пад во купувањето на полиси за осигурување. Според Трајан Димковски, шеф на кабинетот на министерот, за разлика од 2015, кога биле продадени 5 илјади полиси за осигурување на земјиште, лани биле продадени само 2 илјади полиси. Вината ја префрлаат на одлуката на владата за 100 посто субвенционирање на штетите од невреме.

Инаку, според податоците од Агенцијата за супервизија на осугурувањето, во 2015 година осигурутелни полиси на земјиште купиле околу 4600 лица, а на име на обесштетување  биле исплатени 145 илјади денари. За 2016 година, осигурителна полициа имале околу 3 700 лица, а исплатени биле 99 илјади денари. Во 2017 полиса купиле само 1900 лица, а исплатена е сума од 78 илјади денари. По поплавите од 2016 забележан е драстичен пад на продадени полиси за речиси 50 проценти за осигурување од поплави и земјотреси.


 

tv21tv

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close