fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Драстичен пад на производството на винското грозје

Досега откупени се околу 53 милиони килограми, што упатува на голем пад, особено ако се има предвид дека во земјава се произведувале над 100 милиони винско грозје.

Драстичен пад на производството на винско грозје е забележан годинава, објави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при одбележувањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Според неговите информации, откупени се околу 53 милиони килограми, што упатува на голем пад, особено ако се има предвид дека во земјава се произведувале над 100 милиони винско грозје.

-Досега, согласно бербата, откупени се некаде околу 53 милиони килограми винско грозје што е сериозен пад од она што некогаш Република Македонија го произведувала, тоа е накратко заради оние лоши политики во изминатиот период и да Македонија денеска падне на ваква минимална количина.

Знаете дека во минатото сме имале над 150 милиони килограми од што се произведувало околу 110 милиони литри вино – подвлече Трипуновски 

Оваа година гледаме, додаде, како и минатата, има катастрофална ситуација.

– Она што ние како Влада, како Министерство, сме се обврзале во нашата предизборна програма и програма на Влада, дека во наредниот период, наредните години, повторно ќе го враќаме лозарството и винарството да биде гранка што ќе значи задоволни земјоделци, сериозен девизен прелив на Република Македонија и нормално, гранка што ќе биде за респект и производство на квалитетно вино што и понатаму ќе ја претставува Република Македонија надвор од границите – посочи Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close