Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
ДРЕКСЕЛМАЕР ќе гради голема фабрика во кумановско-се планираат 2.000 нови вработувања
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во телевизиско гостување изјави дека на средбата со менаџментот на компанијата побарал да се зголемат и платите за новите вработувања.
Во план е отворање на дополнителен производствен капацитет на „DRÄXLMAIER group“ во индустриската зона Новини и Речица, во кумановско, каде треба да се вработат повеќе од 2.000 граѓани.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во телевизиско гостување изјави дека на средбата со менаџментот на компанијата побарал да се зголемат и платите за новите вработувања.
Оваа информација за плановите на Дрекселмаер ја потврдуваат и од Германската стопанска комора во земјава, која ги обединува германските инвеститори кои работат во државава.
Како што пишуваа медиумите, вкупно 12 градежни парцели за изградба на хотели, трговски центри и фабрики беа објавени на јавно наддавање кон крајот на мај во индустриската зона „Речица“ покрај Куманово. Се работи за четири парцели за лесната и незагадувачка индустрија, две за хотели и шест за големи трговски центри. Почетната цена на земјиштето за изградба на фабрики за лесна индустрија е едно евро по метар квадратен, за хотелски комплекс 283 денари од метар квадратен и за големи трговски центри 800 денари од метар квадратен.https://faktor.mk/drekselmaer-kje-gradi-golema-fabrika-vo-zona-vo-kumanovsko—se-planiraat-2000-novi-vrabotuvanja-dimitrievski-bara-povisoki-plati