fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Државата ќе го продава земјоделското земјиште под објектите  

Зелена берза детално за окрупнување на земјоделското земјиште

Прераспределба на доделените концесии за државно земјоделско земјиште нема да има, туку само окрупнување на земјоделското земјиште. Државата ќе го продава и земјиштето под објектите како што се управни згради, стопански дворови, гаражи, стреи. Јавните повици ќе бидат објавени по изборите, одговори  министерот за земјоделство Трајан Димковски на прашање на „Зелена берза“.

Предлагате окрупнување на земјоделското земјиште, односно ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште. Од оваа мерка очекувате приходи од 250 милиони евра во следните три години.

Кое се’ земјиште ќе го ставите во функција? Која категорија е тоа земјиште? Дали ќе има прераспределба на веќе доделените концесии?

-Прераспределба на веќе доделените концесии не е планирана.

Окрупнувањето подразбира големи површини, расцепкани, мали површини, и идејата е да излеземе во пресрет за продажба на вакви мали површини, но секако ги видовме ефектите од продажбата на државното земјоделско земјиште, под оранжерии се покажа како доста успешно, бидејќи беше прифатено и неопходно за брз развој и инвестиции.

Секако дека по изборите се предвидуваат нови огласи и јавни повици каде што ќе може да се стави на продажба  и државното земјоделско земјиште кое е под објектите, тука спаѓа и она од земјоделските комбинати кое е изнајмено, но не е решен статусот со земјиштето под објектите како што се можеби управни згради, стопански дворови, гаражи, стреи кои се користат за таа намена. Така да, штом се создадат услови, веднаш по изборите ќе се започне и овој процес, одговори министерот Димковски.

 

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close