
ВестиМакедонија
Koj зема највисоки плати во Македонија?
Од производните сектори највисоки просеци на плати се исплатени во рударството и вадење камен каде просекот изнесува 39.655 денари.
Компјутерските програмери во декември минатата година заработиле во просек по 76.223 денари. Највисoки плати земале вработените во информатичката дејност и комуникациите каде што просекот на нето исплатена плата е 56.998 денари. Во телекомуникациската дејност, пак, просекот е 50.034 денари. Зад нив се вработените во фармацевтските компании со просек од 47.940 денари и финансиските дејности и осигурувањето каде што просекот е 46.795 денари. Во енергетскиот сектор просекот е 40.530 денари. Високи плати се исплатени и во дејности на организации врз база на зачленување каде што просекот е 40.840 денари. Од производните сектори највисоки просеци на плати се исплатени во рударството и вадење камен каде просекот изнесува 39.655 денари.