Сточарите во штипско незаинтересирани да добијат субвенции за плати

(Oвој напис е објавен на: March 3, 2017)

stocharite vo shtipsko nezainteresirani da dobijat subvencii za plati

Сточарите во штипско не заинтересирани да добијат субвенции за плати на овчарите. Во предвидениот рок не аплицирал ниту еден сопственик на стадо. Нема овчари, никој не се пријави за субвенцијата, информираа од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Штип.

Во штипско и карбинско овчарите можат да се избројат на прсти. Повеќето ангажирани за оваа работа доаѓаат и од други места. Но, задоволни се работата. Велат дека е тешка, но добро платена.

Добиточниот фонд и во штипско е во опаѓање. Најчесто поради тоа што потешко може да дојдат до нив, но и неможноста да ги платат дел од сточарите станаа и овчари.

„Тешко се и се наоѓаат. 500 – 600 евра ти тражат плата од каде да им најдам” – вели Владо Симонов, сточар во карбинско.

Субвенционирањето на платите на овчарите е до 80% од бруто просечната плата. Максималната поддршка е до 300 илјади денари по лице, за напасување на 150 овци, 50 кози и 80 говеда, во регистрирано земјоделско стопанство за најмногу 20 вработени.