Двајца сомборци развиле бизнис со шери домати, еве што прават
Игор Олујиќ и Давор Демоња од српскиот град Сомбор 15 години се занимавале со производство на расад, а потоа решиле да прават сушен шери домат во масло, пишува српски Блиц.
Овие млади луѓе велат дека минатата година била експериментална за барање на најдобар рецепт и истражување на пазарот.
За овој домат се одлучиле затоа што е квалитетен, сладок и има добар однос на материи во однос на друг вид зеленчук.
Сушените дмати ги ставаат во мешавина од сончогледово и маслиново масло. Имаат три вида на производи до зачин, луто и со парче сирење. Во секоја тегла имаат и по една тајна состојка, а велат се почнало од еден пластеник.
Тие се поврзале со продавници за здрава храна во Србија, Словенија, Шведска. Во наредниот период планираат нови вложувања.