fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Двајца мажи од Боговиње краделе добиток и земјоделски машини

Крадците се од село Селце Кеч

Во село Долно Палчиште, општина Боговиње, вчера во 12.40 часот  од полицијата биле приведени И.С.(43) од село Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го привеле и  С.Ш.(42), исто така, од село Селце Кеч.

Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини.

– Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close