fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Се реконструира регионалниот пат Бач-Гермијан-Меџитлија

Со инвестиција од 11 милиони денари се реконструира регионалниот пат Бач-Гермијан –Меџитлија.  Патот е  во должина од 4 км, а средствата се обезбедени од Влада на Република Северна Македонија преку Јавното претпријатие за државни патишта.

Реконструкцијата се состои од надградба на коловоз во деловите  од регионалниот пат кој е најоштетен.

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски при увидот во градежните работи на овој фрекфрентен пат истакна дека со овој градежен зафат  се решава деценискиот проблем на граѓаните од неколку населени места кои го користат овој пат на територија на општина Новаци.

“Со оваа инвестиција успеавме да  го решиме  најголемиот проблем  на граѓаните од неколку населени места од општина Новаци кои го користат овој пат. Наша обврска и цел е да ги решаваме  децениските проблеми на граѓаните кои се наталожени години наназад. Сега со оваа рехабилитација се решава едно од најзначајните инфраструктурни прашања со што обезбедуваме квалитетна сообраќајна безбедност и поврзаност. Се надевам дека граѓаните од селата Брод, Скочивир , Добровени,Живојно, Бач и Гермијан после овој инфраструктурен зафат ќе бидат задоволни и ќе ги поздрават политиките и заложбите на локалната самоуправа во решавањето на нивните барања и проблеми. ”-истакнува градоначалникот Кузманоски .

Ова е уште еден добар пример за успешната  соработка на локалната со централната власт која резултира со голем број на реализирани проекти на локално ниво, информираат од општина Новаци.

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close