fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Еден процент од фармите обработуваат 70 проценти од светското земјоделско земјиште

Еден процент од земјоделските стопанства во светот обработуваат 70 проценти од полињата, фармите и овоштарниците, покажува извештај што го потенцира влијанието на нееднаквоста во однос на земјиштето врз климатските и природните кризи, пишува „Гардијан”.

Од 80-тите години на минатиот век, истражувачите откриле дека контролата на земјиштето станала многу поконцентрирана, директно преку сопственост и индиректно преку договорно земјоделство, што доведува до поразурнувачки монокултури и помалку внимателно поддржувани мали фарми.

Земајќи ја за првпат зголемената вредност на имотот и растот на населението без земја, извештајот проценува дека нееднаквоста во однос на земјиштето е за 41 процент поголема отколку што се сметаше порано.

Авторите велат дека овој тренд е предизвикан од краткорочни финансиски инструменти кои сè повеќе ја обликуваат глобалната животна средина и здравјето на луѓето.

– Во минатото, овие инструменти влијаеа само на пазарите. Тие не влијаеја на нас индивидуално. Но, сега тие го допираат секој аспект од нашите животи, бидејќи се поврзани со еколошката криза и пандемијата, рече Ворд Ансеју, виш технички специјалист во Меѓународната коалиција за Земјата која ја иницираше студијата заедно со група партнери, вклучувајќи ги Оксфам и Светската лабораторија за нееднаквост.

Студијата, објавена денеска, се заснова на 17 нови научни статии, како и анализа на постојните податоци и литература.

Во неа се вели дека претходните пресметки на нееднаквоста во однос на земјиштето се засновале единствено на сопственоста и големината на одделните фарми. Врз основа на тоа, нееднаквоста во однос на земјиштето се намалувала сè до 80-тите години на минатиот век, по што се зголемила.

Овој тренд е поизразен во новата методологија, која зема предвид дополнителни фактори, како што се повеќекратната сопственост, квалитетот и вредноста на земјиштето и бројот на луѓе кои не поседуваат земјиште.

Немањето земјиште е најниско во Кина и Виетнам, а највисоко во Латинска Америка, каде што најсиромашните 50 проценти од луѓето поседуваат само еден процент од земјиштето.

Извор: Бизнисвести

 

Слични написи

Back to top button
Close