fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Едни се подготвуваат за протест, други за на откуп

Сојузот на тутунарски здруженија за време на викендот најави дека нема да ги повлече поверениците зошто има тутунари кои бараат да продолжи откупот 

Продолжува откупот на тутунот, за оние тутунари кои не сакаат да протестираат откупните пунктови се отворени. Сојузот на тутунарски здруженија за време на викендот најави дека нема да ги повлече поверениците зошто има тутунари кои бараат да продолжи откупот.

Претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија Менде Стомнароски во изјава за „Зелена берза“ рече дека  Сојузот не ги повлекува поверениците и дека нема да се меша во одлуките на Иницијативиот одбор.

-Денеска на Собранието на Сојузот на земјоделски здруженија одржавме состанок на кој се одлучи  да не ги повлекуваме поверенците, бидејќи тоа е во интерес на тутнопрозводителите, зошто многу од нив  се јавија  во здруженијата дека во пунктовите имаат тутун и не сакаат да им биде блокиран 10 дена, туку откупот да тече непречено. Значи тоа се производители кои сакаат да го предадат тутунот бидејќи им требаат пари. Оваа одлука не е лично моја туку на Собранието. Ова значи дека ние не му се мешаме на Иницијативниот одбор во нивната работа и одлуки, но како Сојуз ги поддржуваме сите тутунари, односно мнозинството од тутнарите кои се решени да тече откупот. Ние како Сојуз ќе бараме по итно средба со премиерот Заев и министерот за земјоделство Хоџа со откупувачите и Иницијативниот одбор за барањата кои ние ги предлагаме што е можно најитно да се решат, рече Стомнароски.

Кои се брањата на Сојузот-

Како Сојуз бараме динамиката на дневен откуп да се зголеми и да се работи и во сабота за да се може што повеќе тутун да се откупи. Бараме да не се откупува по шифри, туку по класи. Бараме и вишокот тутун, околу 2,5 илјади тони, колку што може најбрзо да биде решен. Од 15 јануари да се делат картони за вишокот тутун до завршување на откупот, да биде преземен и да не остане неоткупен. На терен да биде линијата флексибилна, просекот да се зголеми, а поверениците да контролираат и сето она што е спорно, да биде за Второстепената комисија и за се што не е реално да се повикува Инспекторатот за земјоделие. Бараме решение за да не остане вишокот на тутун да се откупува по законскиот рок, (сметаме дека тутунопроизводителите ќе бидат оштетени и ќе им се откупува по пониски класи), тутунот  веднаш да се откупи по просечни цени со флексибилна линија и со исти просек ,изјави претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски.

.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close