fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Горивата поевтинуваат за половина денар, екстра лесното масло за домаќинства за денар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,5 ден/лит.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука со која горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, екстралесното масло за домаќинства за денар, а мазутот за 0,7 денари. Станува збор за поевтинување на нафтените деривати од 1,03 отсто во однос на досегашните цени, кои стапија на сила на 2 ноември годинава.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се намалуваат за 0,5 денари/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,5 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,5 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1 денар/литар, и новата цена ќе изнесува 66,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,69 денари/килограм, и новата цена ќе изнесува 41,445 ден/кг.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close