fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Економијата закрепнува, предизвик останува енергетската криза

Дел од експертите препорачуваат штедење, дисциплина од сите страни.

По речиси две години од почетокот на пандемијата на Ковид-19, економијата во земјава полека закрепнува. Шестте пакети мерки кои беа донесени како поддршка за стопанството и за граѓаните, според дел од експертите, имале позитивно влијание и придонеле за зачувување на работните места за што потврда пристигна и од Меѓународниот монетарен фонд. Развојната компонента, велат експертите, е од особена важност за поддршка на закрепнувањето, а и од Владата најавуваат дека во следниот период фокусот ќе биде ставен на инвестициите и на дигитализацијата. Предизвик во новата година останува енергетската криза која ќе покаже дали ќе има доволно електрична енергија, колкава ќе биде нејзината цена и колку кризата ќе се одрази врз работата на компаниите. Дел од експертите препорачуваат штедење, дисциплина од сите страни.

Проф. д-р Марјан Петрески од Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје смета дека како вкупен контингент, пакетите мерки извршиле значајно позитивно влијание, односно спречиле падот на доходот да биде значајно поголем.

-Неодамнешната ревизија на растот на БДП во третиот квартал од 2020 година, од -3,3 на -5,9 проценти укажува дека влијанието на мерките веројатно било помало од она што првично се мислеше, меѓутоа сепак тој пад ќе беше подлабок од -9 отсто без мерките. Според пресметките, клучната мерка за зачувување на работните места, субвенцијата од 14.500 денари по работник во погодените компании, придонела за зачувување на околу 60.000 работни места од 75.000 кои биле на работ да бидат изгубени, но се разбира, дел од работните места сепак беа изгубени. Социјалните мерки, пак, првенствено полабавите критериуми за доделување гарантирана минимална помош и еднократните плаќања по 3.000 до 9.000 денари на различни категории ранливи граѓани овозможиле доходот кај посиромашните слоеви да биде спасен во обем од 30 до 50 отсто, вели Петрески во изјава за МИА.https://nezavisen.mk/ekonomijata-zakrepnuva-predizvik-ostanuva-energetskata-kriza/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close