fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Економските експерти очекуваат нормализација на инфлацијата до крајот на годината

Заздравување на македонската економија се очекува годинава и според прогнозите на Народната банка и на Европската Комисја.

Експеритите смируваат, тврдат дека не постои простор за голема загриженост по најавите дека животот годинава ќе станува се поскап. Се работи за увезена инфлација, предизвикана од растот на цените на основните производи и нафтата, а ние како мала држава можеме само да ги  апсорбираме тие шокови. Тоа се случи со маслото за јадење, чија цена речиси двојно се зголеми. Но, најавите се дека цените ќе се стабилизираат до крајот на годинава.

Кога инфлацијата расте – можни се 2 сценарија – Или Народната банка да ја зголеми референтната камата, која ќе ги поскапи кредитите и ќе ги забави инвестициите и второто е да се интервенира на фискалната страна, односно државата да биде маскимално одговорна и троши само на продуктивни добра.

Заздравување на македонската економија се очекува годинава и според прогнозите на Народната банка и на Европската Комисја. Сепак, враќање на патеките како пред кризата е можно дури наредната, 2022-та година.https://sitel.com.mk/ekonomskite-eksperti-ochekuvaat-normalizacija-na-inflacijata-do-krajot-na-godinata

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close