
Агро бизнисВестиТоп вести
Екс министерот Николовски -Лозарите мора да ги знаат производните цени на грозјето
Министерството до 15 јули мора да утврди производна цена, а откупната мора да биде минимум 25% поголема од таа цена. Тоа е законот.
Поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски со објава на фејсбук испрати порака до лоазарите.
Август е месец кога лозарите очекуваат богат род и фер цени.
Новиот Закон за виното, кој го донесовме во март 2024, за прв пат јасно утврдува гарантирана откупна цена односно: Министерството до 15 јули мора да утврди производна цена, а откупната мора да биде минимум 25% поголема од таа цена. Тоа е законот.
Ако тоа не се испочитува, следуваат казни и законска обврска државата да интервенира за да се секој килиграм грозје се откупи по таа цена.
Наместо да ја објави утврдената производна цена и да ги исполни законските обврски и да ги заштити лозарите, министерот излегува со изјави за историска откупна цена повисока за само 0,50 денари од ланската. Тоа е спротивно на Законот и ги доведува во прашање законитоста на целиот откуп и правата на лозарите.
Законот мора да се почитува – и од актуелниот министер, и од секој што ќе дојде по него.
Лозарите мора да ги знаат производните цени, како што налага Законот!
Ниту еден министер нема право да го крши законот и да ги ги сокрива утврдените производни цени од лозарите.
објави Николовски.