Во спомен на човекот кој сѐ уште им е идол на многу луѓе
Јосип Броз Тито - Мирот е над сè
Јосип Броз Тито (7 мај 1892 – 4 мај 1980) беше југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Неговиот роденден се славеше на 25 мај откако тој станува претседател на Југославија. Неговиот роденден се славеше како Ден на Младината на СФРЈ.
Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.
Тито починал во Љубљана, на 4 мај 1980 година. Тој е погребан во мавзолеј во Белград, наречен Куќа на цвеќето. И ден-денес многу луѓе го посетуваат ова место како храм на подобрите времиња.
Титовото владеење се потпирало на постојано јакнење на култот кон неговата личност, почнувајќи од времето на Втората светска војна, па сè до смртта во 1980 година. На внатрешен план, Титова Југославија беше една од најотворените и најмалку репресивните комунистички држави, но либерализацијата на системот имаше свои граници.
Еден од успесите на југословенската власт на чело со Тито, пред сè во периодот до крајот на 1960-тите, беше градењето на братството и единството помеѓу југословенските народи и народности. Но, од крајот на 1960-тите национализмот беше во постојан пораст за на почетокот од 1990-тите да доведе до распад на Југославија. Како признание на несомнените државнички способности и успеси на Јосип Броз Тито, на неговиот погреб во мај 1980 ќе присуствуваат бројни високи странски делегации и ќе остане запаметен како погреб со најголем број политичари и државни делегации во светската историја по оној на папата Јован Павле II во 2005 година.
Цитати
„Да работиме како мирот да ќе трае сто години, а да се подготвуваме како утре да ќе има војна“.
„Да имате леб и сè што е потребно за секојдневен живот, значи да бидете потполно независен од секоја помош од страна“.
„Мирот е над сè“.
„Чувајте ми го братството и единството како зеница во своето око“.
„Многу работам, па немам време да стареам“.
„Братство и единство може да постои само меѓу оние кои се навистина рамноправни“.