fbpx
ВестиВкусот на традицијатаТоп вести

Експертите со совет: Лубеницата не ладете ја во фрижидер

Истражување кое било направено од американското Министерство за земјоделство покажува дека сите ние кои лубеницата пред консумирање ја ставаме во фрижидер правиме грешка.

Имено, како што велат, експертите, лубеницата треба да ја држите на собна температура за да ги задржи сите хранливи состојки кои ги има. Кога е студена, лубеницата губи најголем дел од витамините и хранливите материи.

Уште една работа која научниците ја откриле е дека лубеницата продолжува да создава витамини и хранливи состојки и откако ќе биде наберена, но повторно, само ако е на собна температура. Кога ќе ја ставиме во фрижидер, тој процес значително се успорува.

Во рамките на истражувањето научниците 14 дена ставале лубеница на 21, 12 и 5 степени и се испоставило дека оние кои биле чувани на 21 степен имаат 40 отсто повеќе ликопен и од 50 до 139 отсто повеќе бета каротен.

-Секоја намирница во фрижидерот губи здрави материи. Затоа лубениците треба да се купат онолку колку што ќе пресметата дека ќе изедете и веднаш да ја консумирате. Ако ви остане, најдобро е да ја изблендирате и замрзнете, па оставете за есен или зима. Секогаш за секое овошје, поголема корист е ако ја косумирате веднаш или неисечена да ја замрзнете, а најмногу хранливи материи се губат кога исечена ја ставаме во фрижидер, велат научниците.

Извор:Ипортал.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close