Ердован и Емине сработија 15 тони тутун, задоволни се од цената – 500 денари за килограм
Ердован и Емине Исламоски од Канатларци се пример за млад брачен пар, вредни земјоделци кои посветено, со љубов, разбирање и домаќински работат на својот имот и постигнуваат големи резултати.
Ердован и Емине Исламоски од Канатларци се пример за млад брачен пар, вредни земјоделци кои посветено, со љубов, разбирање и домаќински работат на својот имот и постигнуваат големи резултати.
Како ретко кои млади земјоделците што можат да се пофалат со посветена работа во земјоделието, тоа се Ердован и Емине од прилепското село Канатларци. Тие годинава успееја да сработат близу 15 тона тутун од 60 декари површина.
Ердован во изјава за Зелена берза вели дека веќе предале над 9 тони тутун во „Сокотаб“ и се подготвени да го допредадат целиот род.
Задоволен е од годинешната реколта и вели дека се постигнале заедно со Емине, која и покрај тоа што се грижи за двете деца, е десна рака на сопругот и го следи во чекор и во земјоделското производство.
„Предадовме на откуп 9 тони тутун и речиси 90 проценти го носиме во „Сокотаб“. Задоволни сме од цената која вкупно со субвенциите од државата ќе достигне 500 денари за килограм тутун. Морам да нагласам дека годинава многу сме задоволни од родот, произведовме многу квалитетен тутун. Јас и мојата Емине со помош од татко ми Беџет Исламоски годинава ја постигнавме целта во производството на тутун. Можам да кажам дека во споредба со другите земјоделски култри кои ги произведуваме тутунот е најисплатлив“, вели Ердован.
Сепак младиот земјоделец нагласува дека во производството на тутунот имал и поголема сума на трошоци за наемни работници.
„За берење на тутунот ангажиравме работници и по тој основ исплативме над 20 илјади евра, да не ги споменувам другите трошоци“, вели младиот земјоделец Ердован.
Исламоски годинава сработиле и 900 декари со пченицата, и тука Ердован напоменува дека цела работа ја завршиле со Емине и неговиот татко Беџет.
Текст Анета Блажевска