fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во сабота сончево со свежо утро

Под влијание на влажен бран од југ, во недела уште од раните утрински часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд

Сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, утрото свежо, а преку ден нешто потопло. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. УВ=7

Можно е да е слика од мапа и текст кој вели „Kp. паланка Ckonje времето утре 04.09.2021 рад тмин. тмакс. Ckonje 12 29 тетово 11 28 маврово 7 21 охрид 11 26 битола 9 28 прилеп 11 27 кр.паланка 9 25 св. николе 12 29 штип 12 29 берово 6 25 д.капија 13 31 струмица 13 28 гевгелија 16 30 тетово LB. николе маврово берово штип д. Kanuja прилеп охрня струмица битола гевгелија YB-7“

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: И утре ќе се задржи стабилно и нешто потопло време, освен на крајниот југоисток каде ќе има услови за краткотраен дожд.
Под влијание на влажен бран од југ, во недела уште од раните утрински часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи. Понестабилно со пообилен дожд (локално над 15 л/м2 за кратко време) и грмежи ќе биде во јужните делови од земјава, каде температурата значително ќе се намали.
Локален дожд, претежно на запад, ќе има и во понеделник
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close