Еве кога ќе бидат исплатени субвенциите за овчарите, за млекото, заостанатите за градинарите и овоштарите
„Зелена берза“ испрати прашање до Платежната агенција и го доби следниот одговор
Одгледувачите на овци се уште ги чекаат субвенциите за овците, сточарите да им се исплати премијата за млекото (кравјо, овчо, козјо) за тековната 2025, бидејќи само мал дел зедоа, потоа субвенции чекаат и градинарите и овоштарите што не се доисплатени за 2024 година.
„Зелена берза“ испрати прашање до Платежната агенција и го доби следниот одговор дека се обезбедуваат финансиски средства за исплата:
„Предметите се во финална фаза на обработка и во проверка на соодветни услови за истата, секако и обезбедување на финансики средства на нивна исплата“, изјавија од Платежната агенција за „Зелена берза“
Вчера министерот за земјоделие Цветан Трипуновски најави дека за брз период ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.
Директорот на Плажената агенција, Илија Стоилев е во притвор со неколкумина службеници по откривање на големиот скандал за поткуп со апликанти за ИПАРД 3 Програмата.
Анета Блажевска




