вестиЛов и риболов

Почна ловот на крупен дивеч

Како и претходните години така и годинава во првиот викенд од месец октомври, почна ловната сезона на крупен дивеч, дива свиња, волк и лисица и ќе трае до крајот на јануари наредната година, поточно четири месеци.

pochna lovot na krupen divech

 

Ловџиите од Кичево и од Кичевско посакуваат и годинава да им се повтори претходната ловна сезона, ко ја беше богатата со дивеч и кога беше отстрелан и див вепар капиталец од над 300 кг во реонот на селото Речани.

Во нашата општина се регистрирани три ловечки друштва и тоа најстарото и најголемо, „Елен” од Кичево, потоа „Екофазан” што гравитира на поранешната општина Осломеј и ловечкото друштво „Сокол” од селото Зајас. Членарината што ловџиите треба да ја намират за една ловна сезона изнесува 4.000 денари. Сите наши членови што беа заинтересирани да одат во легален лов, навремено ја намирија членарината и во наредните 22 ловни дена во претстојните четири месеци, ќе можат непречено да се вклучат во своите ловни друштва. Инаку во нашата општина ловечкото друштво „Елен” стопанисува со ловиштата на: Турла, Добра Вода, Кнежино, Прострање и Цер, „Екофазан” го има ловиштето Букојчани, додека ловечкото друштво „Сокол” стопанисува со ловиштето Тајмиште рече Диме Ѓорѓиески, секретар на ловечкото друштво „Елен” од Кичево.

Ловџиите од Кичево и од Кичевско имаат обврска во текот на зимата да се грижат за загрозените видови дивеч како што се еленот и срната, а во периодот на големи студови и висок снег, да ги потхрануваат овие видови, да оставаат храна на местата предвидени за прихрана.

– За да му помогнеме на полезниот дивеч, на повеќе локации оставивме над 22 тона храна, претежно зрнеста, но и сено и други средства за прихранување и тоа секако помага за да не дојде до нагло осипување на бројот на дивечот во природата. И покрај тројцата ловочувари што се ангажирани за контрола на недозволениот лов, сепак ловокрадството е присутно, откриените случаи ги процесираме до судот и оваа институција е надлежна да ја оцени тежината на прекршокот што е направен при овој криволов.

– За одбележување е дека мечката ја има во се поголем број во природата, но сепак ова огромно животно е заштитено со закон и на подолг рок останува како заштитен вид, иако пчеларите последниве години трпат големи загуби од агресивните предатори, додаде секретарот Ѓорѓиески.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close