fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ненад Јанчов од с. Грљани – златен медал за квалитет на шумски мед

Јанчов е еден од помладите членови на  јадрената група Меден исток кој што има околу 120 пчелни семејства на три различни локации на надморска височина над 750 м.

Ненад Јанчов од с. Грљани е еден од помладите членови на  јадрената група Меден исток кој што има околу 120 пчелни семејства на три различни локации на надморска височина над 750 м.
Висококвалитетниот мед на нашиoт млад пчелар се потврдува со освоениот златен медал за квалитет на шумски мед на регионалниот натпревар во Нови Сад во 2019 г.
„Нашата семејна пчеларска приказна започнува со моето учество на обуката за млади пчелари на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), како и на напредната обука за вадење матичен млеч, перга и други пчелни производи. Мојот пчеларник беше и дел од научно-апликативното истражување на ПЗП, за тестирање на примената на биотехничките методи на пчеларење во регионот. Со примената на овие методи во здружението „Меден Исток”, акцентот не го ставаме на квантитетот, туку на добивање квалитетни 100% природни производи кои не содржат штетни хемиски средства, наспроти повеќето пчеларски производи кои се нудат на пазарот, а не ја осигуруваат безбедноста и квалитетот на производите.“
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close