fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Компанијата Еуромакс и групацијата Трафигура донираа земјоделска механизација на членовите од Слоуфуд Огражден

Жени фармери од општините Босилово и Ново Село добија донација земјоделска механизација

Компанијата Еуромакс и групацијата Трафигура донираа земјоделска механизација на членовите од Слоуфуд Огражден. Жени фармери од општините Босилово и Ново Село добија донација земјоделска механизација од компанијата Еуромакс, која поради голем интерес меѓу земјоделците се организира по втор пат во рамки на проектот за општествена одговорност што оваа компанија го реализира во соработка со граѓанското здружение Слоуфуд Огражден. Во втората донаторската активност се вклучија жени од селата Секирник, Штука, Иловица, Еднокуќево, Дрвош, Турново, Сушица и Босилово.

– Ова е втора донација од Еуромакс Ресоурцес, откако првиот пат донираа земјоделска приклучна механизација и опрема на 10 жени наши членки. Сега повторно имаме донација за 16 жени претприемачи. Ние сакаме да го подигнеме женското претприемништво, зашто сметаме дека жените во руралните делови се запоставени. Целта е да си обезбедат сопствена егзистенција, независно од семејниот буџет, иако знаеме дека тој приход ќе влезе во семејниот буџет, но да се зајакне нивната самодоверба и самостојност – изјави Сашко Поповски, претседател на Слоу Фуд Огражден потенцирајќи дека меѓу жените претприемачи во под Огражденскиот регион постои силен интерес за донациите што ги организираат со соработка со Еуромакс.https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close