fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Европа очекува најлоши приноси на мед во историјата

Се очекува приносот за оваа година да биде меѓу 7.000 и 9.000 тони, што е една третина од собраните количини во 2020 година.

Европа ги очекува најлошите приноси на мед во историјата. Причина за тоа се климатските промени, сезоната на цветање која започна порано и траеше пократко, мразот и лошите временски услови кои им нанесоа големи штети на пчеларите.

Француските пчелари очекуваат најлоши приноси на мед во последните децении, а Ројтерс наведува дека невообичаено студеното и влажно време ги спречило пчелите да го произведуваат.

 

 

Француското здружение на пчелари УНАФ соопшти дека според информациите добиени од регионалните здруженија се очекува приносот за оваа година да биде меѓу 7.000 и 9.000 тони, што е една третина од собраните количини во 2020 година.

„Ова ќе бидат најлошите приноси во историјата на нашата организација, најлоши во последните 50 години“, рече претседателот на УНАФ, Кристијан Понс.

Тој рече и дека пчеларите низ Европа имаат слични проблеми поради неповолните временски услови и климатските промени кои ќе имаат трајно влијание врз производството.
Од здружението велат дека оваа година ќе биде погубна за медот бидејќи условите во Франција биле многу тешки за пчелите во пролет и лето, со долги периоди на мраз, студ, дожд и северен ветер.

Тие велат дека климатските промени со кои се соочуваат во последните 15 години, сега го земаат својот данок и дека годишните времиња на цветање стануваат сѐ пократки. Посочуваат дека во многу делови од таа земја сезоната на пасење завршува по јули, а порано траела неколку недели подолго.

„Постепено климатските промени ќе го оштетат нашиот бизнис, со ова темпо ќе има се помалку домашен мед“, изјави Кристијан Понс, претседател на француското здружение на пчелари УНАФ.

Напоменуваат и дека поради се, багремов мед годинава практично нема да има, втора година по ред, додека производството на мед од костен и сончоглед било многу слабо. Разочарувачка е и жетвата на шумски, планински и борови дрвја бидејќи сезоната на цветање беше прекратка, а добар принос даде само онаа од лаванда во медитеранскиот југоисточен дел на земјата, објави УНАФ.

На климатските промени се жалат и пчеларите од Словенија, пишува Политико. Петер Козмуш од словенечкото здружение на пчелари вели дека годината е многу лоша и дека речиси 80 отсто немале приноси. Порталот наведува дека слична е ситуацијата и во Италија и дека одгледувачите го зголемиле бројот на кошници за да преживеат, пренесува Банкар.ме.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close