fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Фамилија Накови од село Спанчево се вредни фармери кои одгледуваат 110 крави

Набавени се јуници се увезени од Чешка, со светско признаено педигре, што дополнително го збогатува генетскиот потенцијал на македонските простори.

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски денеска во посета на ИЗ Зеко – Фарм  семејна фарма која се наоѓа во атарот на село Спанчево.
Фамилија Накови се вредни фармери кои одгледуваат 110 крави.
Со помош на мерките од програмата за финансиска поддршка во руралниот развој, оваа фарма е зголемена и модернизирана.
Из Зеко – Фарм е корисник на мерката за набавка на приплоден добиток и мерката за поддршка на активен женски член во земјоделското домаќинство.
Набавени се јуници се увезени од Чешка, со светско признаено педигре, што дополнително го збогатува генетскиот потенцијал на македонските простори.
Дополнително, ИЗ Зеко – Фарм е добитник и на грант за рурална жена. Со оваа поддршка набавена е опрема за припрема на храна и опрема за нега на добитокот. За оваа успешно реализирана инвестиција одобрен е грант во висина од 100 % од вкупно направените трошоци.
АФПЗРР ќе продолжи ефективно да работи за благосостојбата на вистинските земјоделци и остануваме секогаш спремни да ги поддржиме нивните инвестиции!

Слични написи

Back to top button
Close