fbpx
ВестиВидео/интервјуаТоп вести

ФАО подготви видео анимација за консолидација на земјоделско земјиште

 

 

Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште”  – или MAINLAND – кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изработи видео анимација за консолидација на земјоделско земјиште.

 

  • Македонскаверзија https://www.youtube.com/watch?v=kONoGoay8xk&feature=youtu.be
  • Албанскаверзија https://www.youtube.com/watch?v=V6zH_i5Cqgc&feature=youtu.be
  • Англискаверзијаhttps://www.youtube.com/watch?v=VUQGdxnRsMA&feature=youtu.be

Видеото има за цел да ги информира земјоделците, сопствениците на земјиште и пошироката јавност за консолидацијата на земјиште, како една од најефикасните инструменти за подобрување на структурата на земјоделското земјиште, односно решавање на прекумерната расцепканост на парцелите, како и за придобивките од консолидацијата на земјиште за земјоделците и руралните заедници.

 

Инаку на 18 октомври 2018 година, проектот ја започна фазата на спроведување на студии за изводливост во пет од избраните области за консолидација на земјиште во земјата – селата Царев Двор, Спанчево, Соколарци, Логоварди и Оптичари, како прва фаза од постапките за консолидација на земјоделско земјиште.

 

Во периодот до март 2019 година, избрани геодетски компании од земјата ќе работат директно со земјоделците и локалните заедници на проценка на моменталната состојба на терен, утврдување на подготвеноста на земјоделците и сопствениците на земјиште да се вклучат во процесот на консолидација, идентификување на индивидуалните потреби, како и проверка дали се задоволени сите предуслови за успешна имплементација на консолидацијата на земјиште, во секоја од избраните области.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close