fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ФАО: Рекордно високи цени на храната во 2021 година

Светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година – највисоко ниво во изминатите 10 години, а надежите за враќање на постабилните пазарни услови оваа година се мали.

Тоа денеска го соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Индексот на ФАО, што ги следи најпродаваните прехранбени производи во светот, во просек изнесуваше 125,7 поени, што е највисоко ниво од 131,9 поени во 2011 година. Месечниот индекс благо падна во декември по пет последователни месеци раст.

Повисоките цени на храната придонесоа за зголемување на инфлацијата бидејќи економиите закрепнуваат од кризата со коронавирусот. ФАО предупреди дека повисоките цени ги ставаат на ризик посиромашните луѓе во земјите зависни од увоз.

– Во своето последно ажурирање, агенцијата направи внимателна проценка дали ценовните притисоци би можеле да се намалат оваа година. Иако високите цени обично отстапуваат место за растот на производството, зголемувањето на цените на суровините, тековната глобална пандемија и неизвесните климатски услови не предизвикуваат голем оптимизам за враќање на постабилни пазарни услови во 2022 година, наведе главниот економист на ФАО, Абдулреза Абасијан во изјавата.https://kanal5.com.mk/fao-rekordno-visoki-ceni-na-hranata-vo-2021-godina/a510900

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close