
Системите „капка по капка“ го утростручија производството на пченка
Денеска во пелагониското село Могила се одржа завршната церемонија на проектот – Производство на пченка „капка по капка“, што партнерски го водеше Министерството за земјоделство со УСАИД и Швајцарската влада, кои беа финансиери. За само три години, производството на оваа култура почна нагло да се зголемува постигнувајќи врвни приноси, беше речено на денешниот земјоделски саем „Тракторијада 2016“ во Могила.
Могила беше првиот регион во државата, каде што стартуваше овој проект и за три години, од фуражни се прошири и на градинарски култури.
Согледувајќи го бенефитот и потребата од овие системи, во Програмата за рурален развој за наредната година, Министерството за земјоделство проектира дополнителни три милиони евра за субвенционирање на 80 отсто од инвестицијата.