fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Фармата на Ангелови доби 3,3 милиони денари за 30 високостелни говеда од расата Симентал

Бачовски во посета на село Горобинци

Со поддршка од АФПЗРР до развој на фармите и генетскиот сточарски потенцијал
Денеска во с.Горобинци ја посетив семејната фарма на Ангелови.
Земјоделството и сточарството се главна економска активност на овие вредни фармери кои обработуваат 60 хектари со житарици и поседуваат фарма со 100 крави.
Преку програмата за рурален развој и мерката за набавка на добиток, И.З Алек Дај добива финансиска поддршка за набавка на 30 високостелни говеда од расата Симентал кои се увезени од Чешка.
Оваа набавка е поддржана од АФПЗРР со ко-финансирање на 7️⃣5️⃣ % од вкупно направените трошоци или 3.3 милиони денари.
Со зголемувањето на своето стадо со педигрирани говеда, оваа семејна фарма добива нов генетски потенцијал со кој ќе се зголемат количините и квалитетот на произведено и предадено млеко и ќе се добие свежо и квалитетно говедско месо.
Дополнително, И.З Алек Дај е корисник и на директните плаќања за производство на житни култури, за одгледување на говеда, за произведено и предадено млеко како и за заклани говеда во преработувачки капацитет, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски.
Можно е да е слика од животно
Можно е да е слика од животно и надвор
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close